Ако не можете да си ги дозволите најпосакуваните модели што ја најавуваат летната сезона, сигурно можете да обрнете внимание на боите што ќе бидат актуелни во текот на летото. Нијансите што се наоѓаат во овој мал, но избран круг, се таму со причина.
1. Беж боја
Беж е меѓу најпосакуваните бои за сезоната што претстои. Тоа е одлична замена за белата и секогаш изгледа елегантно, но со поопуштена нота.
2. Небесно сина
Небесно сината (не светлосина, туку малку поизразен тон на сина боја) е прогласена како задолжителна од страна на многу дизајнери.
3. Розова боја
View this post on Instagram
How To Add Colour To A Minimalists Wardrobe 🌺 on Monikh.com (this outfit is also linked on there)
Сè што ќе комбинирате со оваа боја изгледа луксузно. Совет: за најефикасен впечаток, изберете монохроматската комбинација и впечатливи додатоци.
4. Бела боја
Невозможно е да се замисли летото без белата боја, а таа носи свежина со својот кристален сјај. Кога ќе носите бело ова лето, обидете се да носите природни материјали бидејќи тие го потенцираат луксузот на белината на посебен начин.
5. Лимон зелена
Лимон зелената е изненадување за многумина, но таа е навистива впечатлива. Можете да си играте при комбинирањето на оваа боја, но не претерувајте.