5 состојки и без печење – колаче со Нутела кое се топи во устата и создава зависност

Елоиз Хед е креаторот на овој вкусен, сладок рецепт. За нејзините браунис со Нутела воопшто нема потреба да ја вклучувате рерната. Сè што ви треба се само 5 состојки и силен апетит за нешто слатко.
Потребни состојки:
90 g бисквити
250 g шеќер во прав
120 g путер
200 g бело чоколадо
300 g Нутела


Начин на подготовка:
Сомелете ги бисквитите во блендер. Додадете го шеќерот во прав и стопениот путер и измешајте ја смесата.
Додадете ја Нутелата и промешајте. Смесата натапкајте ја во мал сад кој сте го обложиле со хартија за печење.
Стопете го белото чоколадо и истурете во врз првата смеса, распоредувајќи го рамномерно со шпатула или нож. Потоа додадете уште малку Нутела за декорација.
Ставете го колачето во фрижидерот најмалку 1 час и послужете.
За полесна подготовка, погледнете го видео рецептот на Елоиз:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.