5.200 американски војници тргнаа на границата со Мексико

Како што изјави шефот на американската воена Северна команда, генерал Теренс О’Шонеси американската војска ќе распореди 5.200 војници, вклучувајќи ги и оние под оружје, на границата со Мексико за да ги појача напорите на американскиот претседател Доналд Трамп подобро да ја обезбеди американско-мексиканската граница.
“Мислам дека претседателот јасно рече дека безбедноста на границата е прашање на националнаа безбедност“, рече генералот О’Шонеси.
Трамп вчера на Твитер напиша дека миграцискиот караван е “инвазија врз САД“, наведувајќи дека „многумина се членови на криминални кланови и некои многу лоши луѓе се во караванот кој оди кон јужната граница“ на САД.
“Ве молам, вратете се, нема да бидете примени во САД додека не го поминете законски предвидениот процес. Ова е инвазија врз нашата земја и нашата војска ве чека“, напиша американскиот претседател.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.