Голем број жени за време на летните месеци ги туркаат своите панталони во задниот дел од шкафот, но изгледа дека оваа година правилата се менуваат. Летните панталони овозможуваат голем број модни комбинации кои ќе ве разладуваат, но и ќе направат да се чувствувате удобно. Секако, треба да ги одберете оние материјали и модели кои ќе ѝ дозволат на вашата кожа да дише. Па, ако ви е потребна модна инспирација за комбинирање на летните панталони, одберете ја омилената во продолжение…
1. Панталони на линии
Линиите се секогаш во тренд и многу лесно се комбинираат, додека истовремено се и омилениот летен модел со години. Па, ако сакате да играте на сигурно, ова е моделот за вас.
2. Тренерки од лесни материјали
Да, дури и тренерките доживеале трансформација летово, па тие веќе не припаѓаат само на купчето облека за вежбање. Тие можат да се комбинираат со буквално сè во вашиот шкаф!
3. Бели панталони
Понекогаш изгледа како белите модни парчиња да се резервирани само за летните денови. Па зарем има подобар начин да се изборите против летните горештини?
4. Ленени панталони
View this post on Instagram
Day 2 in the bliss that is these linen trousers & @casxorc @smithhotels ? (press stay)
Ленот повторно се враќа во мода, и тоа токму во топлите месеци од годината бидејќи е совршен избор кога температурите се многу високи.