Секоја сезона носи нова листа со модни трендови кои едноставно не можат сите да ги следат од финансиски аспект. Но, во поголемиот дел од тие трендови воопшто не се ни исплати да се вложи затоа што мал дел остануваат на врвот подолго од една сезона. Токму затоа и ја составивме оваа листа од 5 модни додатоци во кои се исплати да вложите оваа пролет, бидејќи експертите веруваат дека тие уште долго ќе бидат на врвот.
1. Свилена марама
View this post on Instagram
Only thing better than a glass of wine… two glasses of wine ✌? (edited with @tffpresets, city pack)
Врзете ја околу вратот, на главата, за ременот од торбата, околу струкот… можностите се бескрајни, а во секој случај марамата целосно ќе го трансформира вашиот стил.
2. Очила за сонце
Очилата за сонце се класика, но ако сакате малку да ги „зачините“ нештата, одберете ги оние што се инспирирани од формата на мачките.
3. Бисери
Според модните експерти, бисерите никогаш нема да излезат од мода. Тие се лесни за комбинирање, секогаш во чекор со трендовите и изгледаат неверојатно на секоја жена.
4. Округли златни обетки
Не мора да бидат од вистинско злато за да го постигнете посакуваниот ефект. Округлите обетки со причина не излегуваат од мода, и затоа вреди да се вложи во нив.
5. Ремен со копчиња
Ако можете да си дозволите, одберете модел со лого на бренд. Но, истиот ефект ќе го постигнете и со друг вид впечатливи детали на него.