6 Парчиња што мора да ги имате оваа зима

Loading...

Студените зимски денови полека стигнуваат, а со низ најдобро одат топлите крзнени парчиња. Оваа зима, пред се, најважно е добро да сте стоплени и да изгледате уште подобро! Следете ги нашите совети и ќе бидете вистинска зимска принцеза.

Крзно (крзнени елечиња) – со нив ќе го добиете изгледот на вистинска тренд сетерка. Голем плус е тоа што се навистина топли и може да се комбинираат со се, од фармерки и панталони до фустани и здолништа. За сите борци за правата на животните, тука е и вештачкото крзо, кое ќе ве стопли и ќе ве направи модерна и ин девојка.

Чипка – со неа секогаш ќе ја додадете таа нитна на женственост што секогаш треба да ја поседувате. Идеална е за ноќни излгувања, но со малку вкус, можете да ја примените и во секојдневната гардероба.

Нитни – тие се веројатно најзабавниот моден додаток. Можете сами да ги зашиете на било кој дел од облеката сакате, а доаѓаат во разни бои и големини.

Кожа – иако главна асоцијација за кожа се црните кожни панталони и кожната јакна, сепак, оваа зима експериментирајте со боите, кафеавата и сивата боја на кожни јакни се исто актуелни, а за похрабрите, тука е и бордо бојата на јакни, ташни и чизми.

Плетени џемпери – никогаш нема да излезат од мода. Големи и долги џемпери, со голема плетка. Доаѓаат во сите бои, а најпрепорачливи се неутралните, како крем, беж и нежна жолта.

Кожни ракавици – не треба никогаш да ги оставите дома. Бидете спремна за студената зима со пар кожни ракавици во било која боја, бидејќи изгледаат одлично на секого и ќе ги заштитат вашите дланки и раце од студениот воздух кој лошо влијае на вашата кожа.

 

Поврзани статии:

Make up трендови за оваа зима

 

 

 

 

 

 

 

Вечниот сјај на балетанките

 

 

 

 

 

 

 

Високи потпетици од ZARA за оваа сезона

 

loading...