Вселенски брод Dragon успешно се спушти во Тихиот Океан

Приватниот вселенски товарен брод Dragon успешно атерираше во водите на Тихиот Океан по својот втор лет до Меѓународната вселенска станица (ISS), соопшти сопственикот на леталото компанијата SpaceX.

Вселенскиот брод Dragon падна во водите Тихиот Океан, на 400 километри западно од брегот на сојузната американска држава Калифорнија, во неделата во 20.22 часот по македонско време, со две минути задоцнување од предвидениот термин.

Така ќе заврши вториот лет до ISS на првото во историјата приватно вселенско летало дизајнирано од компанијата SpaceX. Овој инаку е првиот од 12-те летови предвидени со ткн договор CRS (Commercial Resupply Services) склучен меѓу SpaceX и NASA во декември 2008 година. Вкупниот износ на договорот изнесува 1,6 милијарди американски долари.

Вселенскиот товарен брод Dragon пристана на ISS на 10-ти октомври, доставувајќи на станица околу 450 килограми товар, храна и облека за екипажот, опрема за научни експерименти и за одржување на станицата. До неделата, астронаутите го завршија товарењето на бродот и ја затворија портата на леталото коешто на Земјата врати 904 килограми товар.

Најважниот дел од овој товар се мострите за анализи собрани од астронаутите на ISS во јули 2011 година, кога се одржа последниот вселенски лет на американските шатли до ISS. Од прекинувањето на мисиите шатл беше невозможно да се врати поголем товар од станицата. Сега, благодарение на Dragon кој располага со специјални уреди за ладење, примероци за истражувања можат да бидат вратени на Земјата. Нивното проучување ќе им овозможи на научниците да одговорат на прашањата за тоа како човечкото тело реагира на физичката активност и различните видови храна во бестежинска состојба.

Покрај тоа, со Dragon на Земјата се вратени и некои неисправни компоненти од системот за одржување на животот и за електроснабдување на станицата. Инженерите на Земјата ќе можат темелно да ги дознаат причините за грешките, коишто ќе овозможат поправки и заштеди на средства.

Следниот лет на Dragon e закажан за јануари 2013 година.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

 Мислела дека се дебелее, и извадиле тумор од 28 килограми

 

 

 

 

 

 Метеор постар од четири милијарди години го чувале како украс во двор

 

 

 

 

 

 Успешно лансиран Сојуз со руско-американски екипаж
 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: