четврток, 12 ноември 2026
Најново

Крилјата на диносаурусите им служеле за додворување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Канадските научници во своето најново истражување сугерираат дека крилјата кај диносаурусите се развиле порано отколку што се мислеше, се со една цел се развиле исклучиво за „додворување“.

Во студијата објавена во научното списание Science, научниците опишуваат три вида на канадскиот Орнитомимосаурус кои се во далечна врска со птиците. Овие видови биле пронајдени во речни талози во канадската област Алберта.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

И кај младите и кај возрасните примероци пронајдени се докази за мали пердуви, но само кај возрасните се развиле структури слични на крилја. Тоа упатува дека крилјата не се развиле поради летање, туку како помошно средство во репродукцијата на видот.

Орнитомимидите (имитатори на прици – латински), според изгледот се слични на денешните ноеви, со клун без заби, големи очи и долги нозе, меѓутоа, исто така, имале долга и дебела опашка.

Примитивните крилја ка овие релативно големи диносауруси, упатува на тоа дека не се развиле за летање, а појавата на структури слични на крилја само кај возрасните единки сугерира дека се користеле подоцна во животот, можеби како украс или за додворување“, вели научничката Дарла Зелетински.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

 Папучите на Марија Антоанета продадени за 50 илјади евра

 

 

 

 

 

 

 

 Во близина откриена егзопланета голема колку Земјата

 

 

 

 

 Почина првиот човек кој со месеци живееше без срце

 

Поврзани вести