Запознајте го човекот-волк

Loading...

Jesus “Chuy” Aceves уште од раѓање пати од ретко пореметување поради кое целото лице му е прекриено со влакна. Но, кога сфатил дека болува од хипертрикоза, Aceves не се препуштил на апатијата и очајот.Својата болест решил да ја претвори во хоби од кое денес доста добро заработува. 

 

Имено, Aceves денес е познат како човекот-волк и е член на групата “Circus of Horrors”, која забавува луѓе ширум светот.

 

“Никогаш не ми паднало на памет да пијам таблети или да пробам да отидам на операција за да се отарасам од влакната. Тие се дел од мене и јас ги засакав, а луѓето ме прифаќаат сосема нормално, затоа што знаат дека под тие влакна, јас сум потполно ист како нив.”– објаснува Jesus.

 

Jesus е првиот човек-волк кој се појавил во Велика Британија во последните 30 години.

 

Неговата група, која се дефинира како “група на забавувачи од кои ќе ви се крене косата”, минатата година се пријави на шоуто “Britain’s got talent”и дотурка дури до финалето. 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Верувате ли во духови?

 

 

 

Најјакото пиво на светот

 

 

 

 

Најмалото кученце на светот

 

loading...
Loading...