Исчезна руски брод со 700 тони златна руда

Руски брод со екипаж од девет луѓе и 700 тони златна руда исчезнал во олуја во близина на руското крајбрежје на Тихиот океан, јавува AP.

Во неделата екипажот испратил повик за помош во моментот кога се движеле од градот Неран на Охотско море. Бродот го изнајмила фабриката Polymetal, а носел 700 тона златна руда која требала да се пренесе од едно до друго наоѓалиште каде што требала да биде обработена.

Портпаролот на фабриката денес не сакаше да каже колкава е вредноста на рудата и додаде дека овој брод веќе неколку пати се движел по оваа рута и досега немал никакви проблеми.

Прочитајте ги следниве статии:

Вселенски брод Dragon успешно се спушти во Тихиот Океан

Американски воени бродови тргнаа кон Либија

Еден загинат и шест повредени во експлозија на туристички брод во Грција

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: