Перверзна апликација за android телефоните

Loading...

Aпликацијата која брзо стана голем хит, содржи свој алгоритам кој ги пребарува фотографиите на вашите пријатели на facebook, и ви ги издвојува оние каде тие се полуголи, на базен или на плажа. Технички тоа само ги пребарува сликите и ви ги нуди на 'чинија' оние кои вашите пријатели веќе ги споделиле со вас.

 

Помалку бизарната апликација која се вика Badabing! ќе ги пребарува сите фотографии и ќе ви ги издвојува оние каде има најмалку облека. TechCrunch изјави дека апликацијата добро го работи тоа што го рекламира, и дека тоа е дури и по малку застрашувачки.

 

Апликацијата не е бесплатна, таа чини 1,99$ а се што треба да направите е да се логирате на facebook и да почнете со пребарување и чекајте да се изненадите.

 

И како ова да не е доволно, фотографиите кои тоа ви ги издвојува вие можете да ги споделувате и да ги означувате.

 

Технички гледано, оваа апликација и не е нешто толку посебно бидејќи вашите пријатели се одлучиле тие фотографии да ги објават на социјалните мрежи. Затоа сите бидете внимателни со тоа што објавувате затоа што не знаете каде можат вашите фотографии да

завршат.

 

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Се сеќава ли некој на животот пред Google?

 

 

 

 

Видете го новиот таблет на Sony со Android 

loading...
Loading...