Започнува 67-та сезона во НБА лигата

Во ноќта помеѓу вторник и среда, на 30. октомври, ќе започне новата сезона, 67-ма по ред во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Шампионскиот прстен освоен во минатото првенство ќе го брани екипата на Мајами Хит, која и во новата сезона е првиот фаворит за титулата.
Мајами, во пресрет на новото првенство се засили со двајца искусни кошаркари, Реј Ален еден од најдобрите шутери во историјата на НБА и Рашад Луис. Овие двајца само дополнително ќе го подигнат квалитетот на тимот, но товарот во играта и понатаму ќе го носи големата тројка- Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош.
Покрај Мајами, шампионски сништа има и екипата на ЛА Лејкерс, која во летниот преоден рок го доби најголемото засилување, центарот Двајт Хауард.
Најдоминантниот центар во лигата, во Лејкерси пристигна по трендот со кој Андре Игудала од Филаделфија заврши во Денвер, а Ендрју Бајнам од Лејкерси се пресели во Филаделфија. „езерџиите“ за прв пат по заминувањето на Шекил О`Нил имаат центар кој може да одговори на шампионските апетити на Коби Брајант.
Лејкерси покрај Хауард се засилија и со ветеранот Стив Неш, еден од најдобрите плејмејкери во последните 15 години, што само дополнително ќе го подигне квалитетот на играта, а во нападот ќе го ослободи од притисокот најдобриот играл Брајант.
Актуелниот првак Мајами одбраната на титулата ќе ја започне против лутиот ривал Бостон, првиот ден ќе се одигра е мечот помеѓу ЛА Лејкерс и Далас.
Според распоредот, прв пат по четири години, во НБА лигата, нема да има натпревари за Денот на благодарноста, но остана традицијата за Божиќ да се играат супер интересни средби, годинава тоа ќе бидат дуелите: Бруклин-Бостон, Мајами-Оклахома, Чикаго-Хјустон, додека кошаркарските фанови на овој ден ќе имаат двојна програма со натпреварите ЛА Лејкер-Њу Јорк и ЛА Клиперс-Денвер.
Регуларниот дел од сезоната во НБА лигата ќе заврши на 17. април 2013 година, а разигрувањето за титулата ќе стартува три дена подоцна.
„Ол стар“ викендот ќе се одржи на 16 и 17. февруари следната година во Хјустон. 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: