Џорџ Клуни ја собра холивудската елита за својот најнов филм

Loading...

Легендарниот Џорџ Клуни ја собра актерската елита од Холивуд за неговиот најнов филм, историската драма The Monuments Men која тој ќе ја режира. Покрај него, во филмот ќе се појават Кејт Бланшет, Даниел Крег, Бил Мареј, Жан Дижарден, Џон Гудман и Боб Балабан.

 

Станува збор за филмска адаптација на романот заснова на вистинска приказана, The Monuments Men: Allied Heros, Nazi Thieves and the Greatest Treasure Hunt in History од Роберт Едсел. Сценариото на филмот е го напишале самиот Клуни и Грант Хеслов. Филмот го следи последниот дел од нацистичката окупација која се сведува на уништување и на последниот културен спомен, дело, уметник…

 

Клуни го изјави следново: “Многу сум возбуден за овој проект. Филмот ќе биде забавени работен со голем буџет. Долго време ја барав темата за својот нареден проект и сметам дека оваа е совршена. Плус сакам и да кажам нешто преку филмот.”

 

Снимањето ќе почне на 1 март на различни места низ Германија, Австрија, Франција и Англија. 

 

Поврзани статии:

Рекорден број пријави за Оскар за најдобар странски филм

Al Pacino снима филм за John Lennon

Tом Круз наскоро во 'Невозможна мисија 5'

loading...
Loading...