Роберт Патисон е новото заштитно лице на Dior

Актерот Роберт Патисон, кој го освои женскиот дел од публиката со серијалот филмови – Twilight, е новото заштитно лице на францускиот Dior.

 

Тој ќе се појави во реклама за машки парфем. Тој тргна по стапките на својот колега, британецот Џад Лоу, кој исто така ги рекламира производите на оваа француска куќа. Патисон уште со првото појавување на ТВ екраните со филмот Twilight, беше прогласен за модна икона, па не е ни чудно што Dior му понуди договор.

 

Според неофицијалните информации, за три години, имотот на Роберт Патисон ќе се зголеми за 12 милиони долари, благодарение на парфемите на Dior. Во рекламите за Dior до сега се појавија ѕвезди како Натали Портман и Шарлиз Терон.

 

Интересен податок е тоа што девојката на Патисон, Кирстен Стујарт рекламира парфеми за конкурентната фирма на Dior – Balenciaga.

 

Поврзани статии:

Кирстен Стујарт постојано го изневерувала Роберт Патисон

Бред Пит ќе рекламира женски парфем

Реклама со Натали Портман за Dior забранета

 

Пронајдете не на следниве мрежи: