Лирија има кошаркар со НБА-искуство

Кошаркарскиот клуб Лирија внесе новина во Македонската кошарка откако во својот тим го доведе црногорецот Александар Радојевиќ, кошаркар што игра на позицијата центар, играч со НБА искуство.

Радојевиќ има 36 години, висок е 221 цм, а во минатото настапувал за Торонто и за тимот на Јута, а бил разменуван во Денвер и во Милвоки.

„Во Лирија сум примен одлично, условите за работа и целокупната организација на клубот се на високо ниво. Се уверив дека Македонија има силна лига. Тука сум пред се да и помогнам на екипата во обид за што повисок пласман и доколку се укаже можност и освојување на титулата зошто да не“ е дел од изјавата на Радојевиќ за „НоваМакедонија“.

Извор: „НоваМакедонија“

Фото: Радојевиќ (во дресот на Торонто, бр. 25)

Пронајдете не на следниве мрежи: