Видео: Мајами подобар од Селтикс, Далас ги „изненади“ ЛА Лејкерси

Со трите натпревари вчера-вечер започна новата сезона во НБА лигата, во дербито, екипата на Мајами го победи најтрофејниот тим, тимот на Бостон со резултат 120-107.

Започна новата сезона во НБА, првата вечер донесе три натпревари меѓу кои најмногу внимание привлече натпреварот меѓу екипите на Мајами и нивниот голем ривал Бостон. На паркетот веќе излезе и редизајнираниот ЛА Лејкерс во двобојот со Далас Маверикс, додека Кливленд играше на гости кај Вашингтон.

Резултати…

Мајами-Бостон 120-107 (Вејд 29 коша, Џејмс 26 коша, 10 скокови / Пирс 23 коша, Рондо 20 коша, 13 асистенции)

Кливленд-Вашингтон 94-84 (Ирвинг 29 коша, Варехао 9 коша, 23 скока, 9 асистенции / Крефорд 11 коша )

ЛА Лејкерси-Далас 91-99 (Гасол 23 коша, 13 скока, Брајант 22 коша / Колисон 17 коша, Рајт 14 коша)

Пронајдете не на следниве мрежи: