Изгубен клуч што отвора 180 келии

Во затвор во градот Лувијан во Белгија, веќе една недела се трага по клуч што отвора 180 келии.

Управата и затворските службеници стравуваат дека до клучот може да дојде некој од затворениците, пишува фламанскиот дневен весник Het Laatste Nieuws.
Загубената торба припаѓала на затворски чувар, а во неа се два многу важни клучеви: едниот е универзален и отвора врати од 180 келии, а другиот 20 врати на посебни делови од затворот.
„Тој што сега кај себе ги има овие клучеви може слободно да се движи каде сака по затворот“, велат службениците.
Се чини дека управата од почеток сакала да ја сокрие оваа информација и губењето на клучевите не го пријавила на Управата на сите затвори, но сега во тек е постапка за замена на сите брави, пишува весникот.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Фатен затвореник кој избегал пред еден месец

Надзорник од струмичкиот затвор земал поткуп од затвореник

Француски клуч за Фрчко да ги урива спомениците

Пронајдете не на следниве мрежи: