петок, 13 ноември 2026
Најново

Три мртви девојки во стампедо во Мадрид

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Три девојки загинаа во шпанската престолнина Мадрид во четвртокот рано наутро во стампедо одржано на забава во градската сала по повод ноќта на вештерките, а две се во критична состојба, соопштија од службата за брза помош.

Засега не е познато поради што избувнало стампедото на младите кои присуствувале на забава на електронска музика во Мадридската арена во западниот дел шпанскиот главен град.
„Две девојки загинаа на лице место, а една подоцна во болница. Стампедото се создаде на единствениот излез што го имале, бидејќи другите биле затворени“, изјавил очевидец, пренесува Reuters.
Девојките биле на возраст меѓу 18 и 25 години, соопшти полицијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Се претпоставува дека метежот настанал откако некој во салата запалил факел познат како „бенгалски оган“.

 

Поглднете ги следниве статии

Три мртви лица од студ во Полска

Идентификувана една од жртвите во масакрот во Франција
Почина прегазена жена во Скопје

Поврзани вести