Нарколабораторија откриена во Москва

Одделот на московската полиција за борба против трговијата со наркотици, со помош на руското федерално безбедносно биро ФСБ уништиле тајна лабораторија во руската престолнина, каде што бил чувани контејнери со контаминирана почва и плутониум, соопштија во четвртокот од четвртата градска управа ФСКН.

Според оперативните информации на Федералната служба за контрола на трговијата со наркотици (ФКСН), криминалците коишто ја организирале оваа лабораторија, може да се вклучени во некои терористички групи.
„Ликвидирана е тајна лабораторија за производство на амфетамин.

За време на претресот од страна на припадниците на специјалните единици, пронајдени се мали контејнери, веројатно со земја од Чернобил, покажаа мерењата извршени со дозиметар. Исто така, пронајден е и плутониум.

Во автомобилот на еден од притворените откриени се четири извори на јонизирачко зрачење“, се вели во соопштението на полицијата на руската престолнина Москва, што го цитира РИА Новости.
Операцијата била изведена пред две седмици, меѓутоа властите се одлучиле дури сега за тоа да ја информираат јавноста.
Во операцијата, исто така, биле вклучени вработените во компанијата „Радон“, специјализирана за управување со радиоактивен отпад. Детали за операцијата московската полиција најави за следната седмица.

Погледнете ги следниве статии

Уапсен познат нарко дилер од Арачиново

Во Србија пронајдена дрогата која предизвикува канибализам

Уште 170 кгр дрога запленети на албанско-грчката граница

Пронајдете не на следниве мрежи: