Пукање во кампус во Лос Aнџелес

Обична расправија на Ноќта на вештерките во универзитетски кампус на југот на Калифорнија ескалирала, по што дошло до пукање, при што потешко е повреден еден, а тројца се полесно повредени.

Ниту жртвите, ниту двајцата напаѓачи не се студенти на Универзитетот Јужна Калифорнија, што покрена прашање за местоположбата на кампусот во близина на центарот на Лос Анџелес, кој се смета за ризично, насилно подрачје,
Еден е приведен и бил распрашуван од детективите во четвртокот ноќта и е осомничен за обид за убиство, соопшти полицаецот Росарио Херера, но други детали не се соопштуваат.
Пукањето доаѓа откако во кампусот било зајакнато обезбедувањето, откако двајца кинески студенти беа нападнати на километар и половина од училиштето.

Откако студентите се вратија на часови, по тричасовен прекин, службениците на училиштето велат дека шансите за повторно пукање во кампусот се минимални.
„Додека ризик за ваква епизода во кампусот речиси да не постои, останува на нас да се грижиме за себе“, вели претседателот на школото Макс Никиас.
Најави дека ќе преземе мерки и ќе ги смени правилата за безбедност на почетокот од следната недела.
Пукањето  се случи на забавата пред куќата „Freak or Greek“ организирана од здружението на црни студенти (Black Student Assembly).
Еден е критично повреден, а тројца набљудувачи се помалку повредени, а по лекарската помош се пуштени дома.
Џино Хал, е поранешен играч на рагби, и бил погоден седум пати, но се очекува да преживее, вели неговиот татко.
Тој чекал во редица од стотина луѓе кои се обидувале да влезат на забавата, каде почнале да се расправаат, по што еден човек извадил пиштол и почнал да пука.

Макфакс

Прочитајте ги следниве статии

Годишнина од масакрот во Норвешка

Идентификувана една од жртвите во масакрот во Франција

Малолетник прободен со нож во обид да спречи тепачка

Пронајдете не на следниве мрежи: