Роверот “Curiosity” слетува на Марс

Возилото “Curiosity” за десетина часа треба да слета на површината на планетата Марс, откако оваа роботска мисија на НАСА беше лансирана на 26ти ноември, 2011година. Овој ровер има цел да собере информации за човечки мисии, информации за климата и геологијата на планетата, како и за можноста за населување на Марс. 

За разлика од претходните ровери, Spirit и Opportunity, овој е двојно поголем и 5 пати потежок, бидејќи носи 10 пати повеќе научни инструменти. Дизајниран е да истражува минимум во времетраење од 687 земјини денови, што е всушност должината на една година на Марс.

Еден од проблемите со кои ќе се справува НАСА денес е слетувањето на површината, т.е. роверот мора да успее да се успори од 13 000 милји на час до 0, за само 7 минути, со помош на падобран. Ова возило со вложени $2.5 милијарди во инструменти на НАСА, составено е од 17 камери, роботска рака, сензори и најсовремена опрема за експерименти.

Слетувањето ќе биде емитувано и на YouTube live stream, и поради популарноста ќе има и Тimes Square live broadcast во Њу Јорк.

Пронајдете не на следниве мрежи: