Најголемата социјална мрежа на светот, Facebook, има многу помалку корисници од фактичките бројки

Најпопуларната мрежа денес има регистрирани безмалку милијарда корисници, но всушност самите Facebook проценуваат дека скоро 10% не се вистински корисници, откако оваа недела ја завршиле внатрешната контрола, разгледувајќи го овој проблем.

Попрецизно, од 955те милиони корисници со активни сметки, 83 милиони корисници се дупликати или лажни сметки. Имено, од нив 43 милиони се дупли (приватна сметка и бизнис сметка на истиот човек), потоа 23 милиони се погрешно класифицирани сметки (како профили назначени за домашни миленичиња или фирми) и остатокот од околу 14 милиони се страни за спам или слични употреби. 
Facebook сервисот беше активиран во фебруари 2004та година и ова фирма Facebook, Inc. е основана од Mark Zuckerberg и неколку од неговите цимери и другари од студентските денови на Харвард. Денес, после 8 години, оваа фирма вреди над $100 милијарди, а само за споредба Hewlett-Packard вреди $44 милијарди, а Dell $26 милијарди (вели Business Insider).

Пронајдете не на следниве мрежи: