Најголемата јахта во светот!

Најголемата и воедно најскапата јахта на светот за 2012 е “Еклипс”, со проценета вредност од околу $1,2 милијарди.
Оваа луксузна супер-јахта е за максимум 30 гости и 75 членови од екипаж, со 2 хелиодрома, 11 кабини за гости, 2 базена, надворешен камин, сала за танцување, сопствена подморница и најсофистицирани германски одбранбени системи. “Еклипс” има приближно 540 стапки должина и е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович, газдата на фудбалскиот клуб Челси. 

Втората супер-јахта, т.н.”Дубаи”, е во сопственост на емирот на Дубаи, шеик Мохамед бин Рашид ал-Мактум, за која тој платил околу 300 милиони долари. Оригинално оваа јахта била направена за принцот од Брунеи.

Третата најскапа јахта е кралската “Ал Саид”, во сопственост на султанот на Оман, а “Принц Абдулазиз” е четврта на оваа листа, на кралската фамилија од Саудиска Арабија.

Пронајдете не на следниве мрежи: