Видео: ЛА Лејкерси со најлош старт во последните 34 години, пораз од Клиперси

ЛА Клиперси го доби градското дерби во НБА Лигата против ЛА Лејкерси со резултат 105-95.

Ако се сметаат и натпреварите во пред-сезоната, тогаш Лејкерси претрпеа дури 11 порази.

„Ни треба победа, секако дека ни треба. Поради тоа Коби Брајант помина толку минути на паркетот, премногу минути“ изјави тренерот на Лејкерси, Мајк Браун.

Брајант мина 43 минути на паркетот и постигна 40 поени, со скор 14-23 од игра, имаше шест скокови, но, и шест изгубени топки. Двајт Хауард постигна 13 поени и 8 скокови, додека пак Стив Неш не играше поради повреда.

Пронајдете не на следниве мрежи: