Состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите членки на групата најразвиени земји и економии во развој Г-20 започнува во недела во главниот град на Мексико, кој во 2012 година ја предводи „Група на дваесетте“, а од декември ќе претседава Русија.
Главните активности на состанокот се закажани за понеделник, 5-ти ноември. Учесниците на состанокот во Мексико Сити имаат намера да се обратат со апел за развивање мерки за борба против недовербата во глобалниот економски и финансиски систем. Според заменик-министерот за финансии на Мексико, Херардо Родригез, главниот исход од конференцијата треба да биде намалувањето на нивото на несигурноста во глобалната економија. Учесниците ќе разговараат за факторите кои придонесоа за намалување на стапката на глобалниот економски раст и за создавање работни места.
„Забавувањето на темпото на растот во земјите во развој денес е реалност, а рамнотежата на ризиците се влоши значително, и овој нов феномен стана очигледен во последните два-три месеца“, рече Родригез.
Меѓународниот монетарен фонд, особено, ја намали прогнозата за економскиот раст на глобално ниво во тековната фискална година од 3,5 на 3,3 отсто, а за следната година прогнозата, исто така, е намалена од 3,9 до 3,6 проценти.
За земјите во развој, ситуацијата е слична: стапката на раст за Бразил, според ММФ, ќе се намали од 2,5 до 1,5 отсто, а за Кина од 8 до 7,8 отсто.
Според Родригез, за справување со овие феномени е можно само преку структурни реформи. Како пример, тој го наведе Мексико, каде што е многу активна дискусијата за реформите во областа на трудовото право и воведувањето пофлексибилни правила за вработувањето. Оваа мерка, според мексиканските власти, може да го зголеми за два процентни поена на годишно ниво економскиот раст и да се создадат најмалку 400 илјади работни места.
Родригез, исто така, вели дека за време на средбата претставниците на Шпанија може да истапат со соопштение за состојбата на тамошниот финансиски систем и за преземените мерки од страна на земјата за справување со кризата.
Истовремено, рускиот заменик-министер за финансии Сергеј Сторчак искажа сомневање дека Шпанија на состанокот во Мексико Сити ќе сака да обезбеди информации за напредокот на реформите во земјата.
Според Сторчак, на дневен ред на состанокот во Мексико Сити ќе бидат глобалната економија, финансиската регулатива и пристапот до финансиски услуги, пазарите на стоки и храна, вклучувајќи и дискусии за енергијата, иднината на Г20, како и реформата на меѓународниот монетарен и финансиски систем, вклучувајќи ја новата формула за пресметување на државните квоти.
Земјите од Г-20 произведуваат околу 90 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП), а на нив отпаѓа и 80 отсто од светската трговија.
Во земјите кои учествуваат во организацијата живеат околу две третини од светската популација.
Како што соопшти мексиканското министерство за надворешни работи, темата на претстојното руско претседателство со групата дваесет земји веќе била дискутирана на последниот состанок пред неколку дена на подготовките на состанокот на Г-20. Мексико тесно соработувал со Русија за да се обезбеди синхронизирано предавање и континуитет во спроведувањето на договорите постигнати претходно, се наведува во извештајот на дипломатскиот оддел на Мексико.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Хрватска компанија доби зделка 2,9 млн. евра од македонско министерство
Павле Воскопулос предлага грк да ја води економијата на ЕУѓ
Камерон го изгуби гласањето за буџетот ЕУ
Пронајдете не на следниве мрежи: