Ќе се затвори најмалата банка во Швајцарија

Најмалата банка во Швајцарија штедилница во местото Троген во кантонот Апенцел Аусерходен, до крајот на годината ќе престане со својата дејност.

За засега непозната сума оваа банка ја пренела својата дејност на банката „Acrevis“ во Сен Гален.
Штедилницата во Троген е основана во 1821 година, а последните дваесетина година на своите клиенти им даваше услуги на еден шалтер сместен во поштата во Троген. Швајцарската пошта не го обнови закупот, па банката мора да ја прекине својата дејност поради недостиг од простор.
Постоеле шанси штедилницата да продолжи сама, или во соработка со други две банки.

Сепак неопходните инвестиции во сопствени банкарски простории, на што се надоврзало и техничко информатичко осовременување, како и некои законски ограничувања, довеле до одлуката штедилницата да прекине со дејноста.
Управата на штедилницата најави дека заработката од „пренесувањето на дејноста“ ќе биде пренесена на фондација којашто ќе финансира проекти од јавно значење.
Со ова се сака да биде испочитувана идејата на основачот на банката Јохан Јакоб Зелвегер кој штедилницата „Sparkasse Trogen AR“ во далечната 1821 година ја основал „во полза на сиромашните“.
Штедилницата во Троген во моментов има 900 клиенти и биланс од 18 милиони швајцарски франци, односно околу 15 милиони евра.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Договорен единствен надзор врз банките во ЕУ

ЕК: ЕЦБ би требало да ги надзира сите банки во еврозоната

Сите банки во еврозоната од 2014 под надзор на нов заеднички супервизор

 

Пронајдете не на следниве мрежи: