Македонските туристички потенцијали пред британските тур-оператори

Loading...

Туристичките потенцијали на Македонија ќе бидат презентирани пред британските Тур-Оператори на Глобалниот Саем за тур-оператори во Лондон (World Trade Market London 2012), што започнува во понеделник и ќе трае до четврток.

Покрај договорените презентации пред британските тур–оператори закажани се и билатерални средби со повеќе тур-оператори, со кои преговорите за склучување на договори за туристички посети од Британија во Македонија се наоѓаат во поодмината фаза.
Презентацијата на македонските туристички потенцијали на саемот во Лондон ја организираа Агенцијата за Странски Инвестиции и Промоција на Извозот, во соработка со Агенцијата за Промоција на Туризмот и македонската Амбасада во Лондон.

Макфакс

 

loading...
Loading...