Поголемиот број модни креатори за претстојната сезона ја бараат својата инспирација во претходните децении. Ретро модата е повторно актуелна.
Станува збор за модели кои потсетуваат на четириесеттите и педесеттите години на минатиот век, секси но не вулгарно.
-Во овие тешки времиња луѓето се враќаат на сериозниот изглед. Се определуваат за вистинската класика која веќе ја докажа својата вредност. Тоа се модели кои можат да се носат речиси во секоја прилика, вели Сабине Штрајте уредник на германскиот моден магазин “InStyle”.
Сите елементи мора да бидат во тон. Класичните модели во ретро стил кој е сега актуелен ја отсликуваат контурата на телото, здолништето и фустаните се до под колена, а што се однесува до боите тие се темни.
Посебна улога имаат модните додатоци кои исто така треба да бидат во тон со преостанатата облека. Високите потпетици и уредно средената фризура се неизоставен дел од ретро имиџот.
Поврзани статии:
5 фризури кои секогаш ќе бидат во тренд
ФОТО: Викторија Бекам во секси црно бело издание
Модни совети за како да изгледате послабо
Пронајдете не на следниве мрежи: