Уметнички дела украдени од Кина повлечени од аукција

Loading...

Аукциската куќа Bonhams објави во понеделникот дека жали што нејзината намера на наддавањето во четврток во Лондон да понуди две уметнички дела ограбени во 1860 година од Летната резиденција во Пекинг предизвикала реакција на Кина, па најави повлекување на овие експонати.

„Навистина во Bonhams жалиме што во кинескиот печат прочитавме дека предвидената продажба на двата предмета од изрезбарен жад предизвикале чувство на навреда во Кина. Никогаш немало намери кој и да е биде навреден“, изјави Килин Шиф, претседател на аукциската куќа за Велика Британија и Азија, пренесува AFP.
Шиф истакна дека двете уметнички дела се повлечени од каталогот за наддавањето и вратени на нивниот сегашен сопственик.
Минатата седмица висок функционер од државната администрација за кинеското културно наследство, цитиран од државните медиуми во Пекинг, го осуди понудувањето на аукција на спорните дела, кои се украдени од страна на француско-британски експедициски корпус.
„Се спротиставуваме на секаква аукција којашто го прекршува духот на меѓународните конвецнии“, изјави кинескиот претставник Тан Пинг.
Пинг претходно изјави за кинеските медиуми дека „културното наследство треба да биде вратено во земјата на нивното потекло. Ние нема да ги затвораме очите по ова прашање“.
Според каталогот на аукциската куќа Bonhams, двата уметнички предмета „ги земал од напуштената Летна резиденција во Пекинг, капетанот Артур Форбс-Робертсон од 67-та пешадиска регимента по падот на главниот град на Кина“ околу 1860 година.
Станува збор за ваза од жад од периодот на Кианлонг, проценета на вредност меѓу 50 и 75 илјади евра и царски диск од жад проценет меѓу 75 и 125 илјади евра. Меѓутоа, нивната продажба секогаш досега одела во комбинација.
Старата летна резиденција, или Јуанмингијан на кинески, била заземена од британските и француските воени единици во 1860 година, кога според Кина биле ограбени околу 1,5 милиони уметнички старини, иако се верува дека некои од антиквитетите биле предадени од локални препродавачи на уметнички дела.
Овој историски настан Пекинг го доживува како национално понижување од страна на западните армии.

Продажба на антиквитети од ограбената палата секогаш предизвикува огорченост на кинеските власти.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

10те најскапи автомобили продадени на аукција

Автограм на Нил Армстронг понуден на интернет аукција

Слика на Рихтер на аукција продадена по рекордна цена

loading...
Loading...