Видео: НБА ги подели првите опомени за симулациите

Loading...

Хозе Хуан Бареа од Минесота и Доналд Слоун од Кливленд станаа првите играчи од НБА лигата над кои е применето новото правило против симулирање.

Судиите проценија дека тие симулираа, а управата на лигата објави дека и двајцата добија официјални опомени.

Според новите правила, играчите за овој прекршок добиваат опомена, а за повторена грешка плаќаат 5.000 долари, потоа 10.000, па 15.000 и на крајот 30.000. Ако и понатаму продолжат да симулираат следи суспензија.

 

loading...
Loading...