Европските клубови „трчаат“ по Дарио Шариќ

Според неофицијалните информации кои доаѓаат од Хрватска, Ефес и Цедевита тргнале по потписот на Дарио Шариќ, а се спремни да ја платат и оштетата во висина од 550.000 евра.

Турците се најсериозни кандидати за неговиот потпис, а исто сериозно е заинтересиран ид тимот на Цедевита, која веќе започнала преговори околу можниот трансфер.

Тој беше поврзуван и со трансфер во Билбао, можноста сеуште не е затворена за тој трансфер, но, се шпекулира дека тимот од Билбао проблем му е да ги издвои тие 550.000 евра како оштета.

Инаку, Шариќ е најдобриот јуниор во Европа, па не чуди што толкава е заинтересираноста за овој кошаркар.

Пронајдете не на следниве мрежи: