6 бои што ќе бидат во тренд во 2020 година

Почетокот на новата деценија ќе биде светол благодарение на дизајнерите. На модните писти има неверојатен број спектакуларни комбинации на бои, а во текот на 2020 година ќе доминираат модните експерименти, не само со стиловите, туку и со нијансите. Погледнете кои бои ќе бидат во тренд барем во следните шест месеци.
1. Шафран


Богатата нијанса на жолт шафран во текот на зимата ќе помогне во борбата против недостатокот на витамин Д, па џемпер, капут или шал ќе ви бидат доволни.
2. Корална нијанса


Пастелните нијанси се сè уште во тренд, а оваа година дајте ѝ предност на нежната корална боја. Дизајнерите советуваат да замените барем една парче облека во беж боја со бојата на зајдисонцето.
3. Смарагдна нијанса


Оваа нијанса се одликува со посебна благородност и со интелигенција. За да изгледате повоздржано, додајте парчиња накит во кафена или темносина боја. А, кога ќе ја комбинирате смарагдната нијанса со корална нијанса, добивате опуштена и разиграна комбинација.
4. Индиго сина


Оваа нијанса ќе биде најпопуларна во 2020 година. Носете ја оваа боја и не плашете се од погледите.
5. Светлосина боја


Оваа година, облечете се во нијансата на ведро небо од глава до пети и подгответе се за многу комплименти.
6. Црвена боја


Црвената боја ја зголемува самодовербата. Облечете црвена облека за средби со пријателите и за работни состаноци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.