Одредени особини откриваат дали имате силен авторитет и влијание на другите луѓе, а со самото тоа и одлични предиспозиции да станете лидер. Секако, тоа може да разбуди љубомора во другите луѓе.
Доколку ги имате овие шест особини, тогаш за вас може да се каже дека сте многу харизматични. Станува збор за квалитети кои се добри и пожелни, но може да им пречат на другите луѓе, бидејќи знаат да се почувствуваат загрозено или едноставно се љубоморни.
Отворено зборувате за своите чувства
Не ви е потребно многу време за да се отворите пред новите луѓе. Не сте склони да го разубавувате она што го чувствувате и сте многу искрени, а некои луѓе не го сакаат тоа. Тоа што некој ќе знае како навистина се чувствувате не ви дава преголеми грижи. Не се грижите што ќе мислат луѓето за некои ваши зборови или потези, ниту ви е грижа што подоцна ќе мислат за вас.
Искрено се грижите за сѐ
Кај вас не постои средина – кога ќе се појави искра за нешто, ќе го завршите како што е потребно или воопшто нема ни да започнете. Кога ќе почувствувате страст за нешто, ќе се борите со сите сили, без разлика на сѐ. Вие не правите ништо половично.
Вие сте немилосрден борец
Ако започнете расправија со некого, тоа може да стане борба до смрт. Меѓутоа, за разлика од многу луѓе, интензитетот на таа борба не секогаш ја покажувате како чиста, неконтролирана агресија. Вие ги пресметувате ризиците и добро ја проценувате ситуацијата пред почетокот на војната, а тоа ви дава предност. На многумина тоа им пречи, бидејќи знаат дека сте подобри и имате повеќе шанси за победа.
Вашите зборови се силни и уверливи
Вие никогаш не зборувате нешто во кое не верувате цврсто. Вие сте одличен говорник и вашите зборови имаат тежина која делува на другите како магнет. За вас може да се каже дека воопшто нема да ја отворите устата доколку од неа не излезе нешто со полна самодоверба. Во некои луѓе тоа предизвикува чувство на љубомора, бидејќи ги немаат тие способности, додека вие го правите тоа со леснотија.
Вие сте искрени и чесни
Директни сте и никако не сакате да го трошите вашето време на глупости, а тоа е она што им пречи на многумина. Кога ќе кажете нешто, вие цврсто верувате во тоа, без разлика дали е позитивно или негативно. Чесни сте и многу едноставни.
Уживате во длабоки разговори
Таканаречените мали разговор, на пример за временската прогноза или вчерашниот натпревар, за вас се едноставно досадни, како и озборувањето на другите луѓе. Вие ги сакате разговорите кои имаат длабочина и после кои се чувствувате исполнето. Уживате во интелигентните дебати, во разговорите за филозофија, психологија, духовност, уметност и слично.