6 извинувања кои ѝ ги должам на мојата мајка сега кога и јас сум мајка

6 извинувања кои ѝ ги должам на мојата мајка сега кога и јас сум мајка

Сите мајки ќе се сложат со едно – потребно е да станеш родител за да сфатиш колку е всушност тешко да бидеш тоа. Дури кога ќе се соочиме со сите предизвици на мајчинството почнуваме повеќе да ги цениме нашите мајки и сфаќаме дека им должиме извинување за сите неволји кои сме им ги приредиле. Ова се 6 извинувања кои секоја ќерка сака да ѝ ги каже на својата мајка, кога таа и самата ќе го почувствува мајчинството на своја кожа.

1. Извини за мојот пубертет, хормоните, наглите напади на тинејџерско лудило и нетолерантното правење паметна. Сега знам дека тогаш не знаев сè, иако така се однесував.

2. Извини за секое искрадување од дома, доцнење, за повремените пијанства, ненајавените пирсинзи и тетоважи и за сите нови фармерки кои одма ги исеков.

3. Извини за мојата пркос, за мојот инает и за секое превртување со очите.

4. Извини за сите лоши момци кои со мене лошо се однесуваа додека ти ме учеше дека заслужувам подобро.

5. Извини за сите обвинувања, за сите моменти кога од чиста лутина ти кажував дека си лоша мајка, а ти си била баш онаква мајка каква што тогаш ми била потребна. Онаа која ќе ме натера да престанам да ги игнорирам сопствените грешки.

6. Најмногу ти се извинувам што мислев дека ти беше работа да бидеш мајка, а пак тоа мислев дека е најлесната работа на светот.

Заради тоа што го потценував сè она што го правеше за мене бидејќи мислев дека е твоја должност, а не знаев дека да се биде мајка е нераскинлив завет за љубов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.