6 клучни парчиња облека што треба да ги имате за сезоната зима 2020/21

Трендовите постојано се менуваат, но некои парчиња облека се секогаш во тренд. Ако сакате да изгледате модерно и оваа зима, инвестирајте во овие 6 парчиња. Со нив, секоја комбинација ќе изгледа поинтересно, луксузно и женствено.
1. Кожени панталони


Кожените панталони се актуелни веќе неколку сезони, а модните експерти велат дека ќе се носат уште долго време. Кога ќе ги купувате, проверете дали ви стојат добро. Најдобро би било да изберете кожени панталони со висок струк и малку пошироки ногавици. Овој крој им одговара на речиси сите.
2. Палто од вештачко крзно


Ова парче облека му дава доза на луксуз на секој стајлинг, а исто така ќе ве стопли.
3. Мартинки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @stylebynelli


Ако првпат носите вакви чизми, изберете црна боја за да можете лесно да ги комбинирате. Овие чизми можат да се носат во различни пригоди и се вклопуваат во различни стилови. Одлично изгледаат со фармерки, но и со фустани.
4. Хеланки


Хеланките ја следат линијата на телото, ги истакнуваат облините и ќе изгледате одлично без многу труд.
5. Џемпер-фустан


Удобно, топло и модерно парче облека што секогаш ќе биде број еден кога станува збор за зимскиот стајлинг.

6. Интересна чанта


Ништо не може да го комплетира стајлингот и да му даде интересен печат како впечатливата чанта. Секогаш бирајте чанта во светли бои, со цел да ја разбиете монотонијата на зимските денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.