Тик-так, тик-так. Часовникот одбројува! За 30 минути или помалку, треба да излезете од дома.
Ги миете забите, лицето, се чешлате, се облекувате, и имате уште само две-три минути за да нанесете лесна дневна шминка.
Подлога – заштедете 100 секунди!
Измијте го лицето со млака вода и нанесете хидрантна крема во тенок слој. Наместо класично нанесување на пудра во три слоја одберете компактна пудра без употреба на коректор, течна пудра и пудра во прав.
Руменило – заштедете 40 секунди!
Користете бронзер наместо класично руменило, бидејќи во утринските бои на денот е многу тешко да се постигне саканиот ефект со помош на јаки руменила. Бронзерот ќе го направи вашето лице свежо и одморно, а во исто време нема да изгледа бледо. Нанесете го со широка четка на јаболчниците, по должината на носот, челото и брадата, тоа ќе ви даде ефект на свежина и сјај.
Молив за очи и маскара – заштедете 80 секунди!
Со моливче за очи исцртајте го само горниот капак на окото покрај трепките, бидејќи доколку го исцртате и долниот капак, ќе изгледате по малку уморно! Со едно брзо движење на маскара ќе го постигнете саканиот ефект, очите ќе изгледаат одморени и убави!
Сјај- заштедете 80 секунди!
Наместо креон за усни и кармин, ставете само сјај за усни. Најдобро е да користите сјај во боја, бидејќи не бара претходна подготовка – идеално решение е кога брзате.
Вака заштедувате 5 минути!
Поврзани статии:
Make up трендови за оваа зима
Барокот – тренд за оваа есен и зима
Висока чоколадна мода од Париз
Пронајдете не на следниве мрежи: