Презадолжената Грција во 2014 година излегува од рецесија

Погодена од високиот долг, штедењето и бурните протести против строгите економски политики, Грција во 2014 година, конечно ќе излезе од седумгодишната рецесија, соопшти во среда Европската унија.

Додека презадолжената Грција се подготвува за клучното гласање за дополнителните мерки за штедење, ЕУ во есенската прогноза предвидува дека Атина во 2014 година ќе оствари економски раст од 0,6 отсто, а грчката економија до тогаш ќе потоне за околу петина во однос на нивото пред избувнување на кризата, јавува Associated Press.
„Точката на пресврт во рецесијата се очекува во втората половина на 2013 година, па 2014 би требало да биде остварен скромен раст од 0,6 отсто“, се наведува во прогнозата долга 200 страници.
ЕУ е пооптимистична дури и од грчката влада, којашто минатата седмица соопшти дека очекува раст од 0,2 отсто во 2014 година, 2,5 отсто во 2015 и 3,5 отсто во 2016 година.
Унијата меѓутоа предупредува дека нејзината прогноза се потпира на очекувањата за враќање на довербата и инвестициите, коишто, пак, зависат од ефикасните економски реформи, како и напредок во големите инфраструктурни проекти, финансирани од фондовите на еврозоната.
„Опоравувањето зависи од клучните претпоставки дека програмата на прилагодување ќе биде доследно спроведена“, се наведува во извештајот.
Невработеноста во Грција оваа година достигна 23,6 отсто, што е една од причините за рецесија во таа земја, според владините мерки за штедење и лошата инвестициска клима, како и падот на грчкиот извоз.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Јункер изјави: „Грција нема да ја напушти еврозоната“

Јункер: продолжувaњето на помошта за Грција зависи од оцените на „тројката“ Атина

Велика Британија, а не Грција ќе ја напушти ЕУ

Пронајдете не на следниве мрежи: