четврток, 12 ноември 2026
Најново

Филмот за Никола Тесла ќе се снима во Србија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најголем кандидат за улогата на Тесла е актерот Кристијан Бејл. 

Иако како првобитна локација за снимање била планирана Британија, по обиколка на Србија, продуцентите на филмот „Тесла, владетелот на светот“, решиле дека им одговараат условите кои ги дава Србија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Снимањето на филмот „Тесла, владетелот на светот“, е во фаза на предпродукција, па затоа нема многу информации кој ќе го прикаже животот на овој голем изумител, кој живеел во САД, иако е роден на Балканот.

Според шпекулациите, најголем кандидат за улогата на Тесла е актерот Кристијан Бејл, за другите улоги се очекуваат познати актери, како Харисон Форд, Николас Кејџ, Лолита Давидович и други, кои би ги толкувале улогите на современиците на Тесла.

Актерите ќе зборуваат на англиски јазик, па затоа најголем број на актери ќе бидат од тоа јазично подрачје.
Филмот се очекува да почне да се снима од следната година.

 

 

 

Прочитајте ги и овие статии:

Tом Круз наскоро во 'Невозможна мисија 5'

Мајк Маерс во улога на Мајкл Маерс

Никогаш нема да има геј James Bond!

Поврзани вести