Кенет Брана со титула витез

Британската кралица Елизабета Втора на церемонијата во Бакингемската палата му ја додели титулата витез на актерот и режисер Кенет Брана.

Познат по улогите од делата на Шекспир до улогата на детективот Валандер, Кенет Брана е награден со титулата витез поради неговиот придонес во драмската уметност и општествениот ангажман во заедницата во Северна Ирска.
Педесет иедногодшниот Брана кој годинава ја имаше честа да настапи и на отворањето на Летните олимписки игри во Лондон, по овој повод изјави дека се чувствува „понизен, восхитен и неверојатно среќен“.
„Многу ми е мили што ми се случи ова во годината на дијамантскиот јубилеј на кралицата, Олимпијадата и Параолимпијадата“, изјави Брана.
Така со титулата витез, Кенет Брага им се придружи на британските легенди Алек Гинис, Патрик Стјуард и Лоренс Оливие.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Џејмс Бонд се врати, подобар од кога и да е

Роџер Мур сака да биде негативец во Џејмс Бонд

Хавиер Бардем доби холивудска ѕвезда

Пронајдете не на следниве мрежи: