Уплатила 5 долари, погодила 15 натпревари, освоила 100.000 $

Сигурно би признале дека кога би виделе некоја дама како уплатува ливче во кладилница кладејќи се на некој натпревар, би помислиле дека таа навистина нема појма што прави.
Но, сепак Американката која побарала нејзиниот идентитет да биде анонимен, се збогати за 100.000 долари, благодарејќи на нејзината уплата пред неколку дена и точно предвидување на 15 завршници од претстојните натпревари.
Жената се кладела исклучиво на американскиот фудбал (NFL) со што ги погодила резултатите од едно цело коло, со што претставува едно од најголемите изненадувања.
Иако многу и не ни се познати американските фудбалски тимови, сепак оваа Американка успеала да го погоди крајнот резултат помеѓу New York Giants и Pittsburgh Steelers, како и дека Carolina Panthers со голема леснотија ќе дојде до својата втора победа во оваа сезона на гостувањето кај Washington Redskins.

Пронајдете не на следниве мрежи: