АБА Лига: МЗТ славеше во дуелот со Цедевита!!!

Нашиот претставник во АБА Јадранската лига го доби мечот со хрватскиот претставник, тимот на Цедевита, со резултат 74-61.

Кај МЗТ Скопје најефикасен беше Гечевски со постигнати вкупно 20 поени на натпреварот, по него беа Дамјан Стојановски со 17 коша и Чековски со постигнати 16 поени на овој натпревар.

Во противничкиот табор Супут постигна 17 коша на овој меч а по него беа Рајт со 10, и Андрич со постигнати 11 коша. Владо Илиевски во тимот на Цедевита постигна само 2 коша на овој натпревар, помина 23,28 минути на паркетот.

Резултати по четвртини…

Првата четвртина нашиот претставник ја доби со тесен резултат 17-16.

Втората четвртина се чини беше клучниот момент на овој натпревар, МЗТ Скопје со резултат 23-10 едноставно целосно го надигра противникот.

Во вториот дел се случи мал пад во играта, па така МЗТ третата четвртина му дозволи на противникот игра во која тој со резултат 14-21 беше поуспешен во третата четвртина.

Четвртата и онаа финалната, 20-14 во корист на нашиот претставник и разрешување на сите дилеми на овој натпревар.

Наредниот натпревар нашиот претставник го игра против тимот на Игокеа на гостински терен во рамките од 9-тото коло, натпреварот се игра во Сабота на 17.11.2012 со почеток од 20,15 часот.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Видео: Инциденти на мечот Вардар-Металург

 

 

 

 

Видео: Привак „ХЕРОЈ“ за Вардар, „Комити“ влегоа на терен!!!

 

 

 

 

 

Времеплов: И големата ЦСКА Москва падна на колена пред Вардар… (ВИДЕО)

Пронајдете не на следниве мрежи: