Зимскиот ветер, дожд и снег знаат да ја растурат фризурата на секоја девојка. Затоа прочитајте кои фризури се најдобри за овој период од годината.
Патец на средина
Трендовите со стиловите за фризури за оваа сезона не потсетуваат на сестран и шармантен патец. Кога ќе го ставиме на средина добиваме романтичен изглед.
Шноли на шишките
Кога не сте задоволни со новите шишки, секогаш можете да се потпрете на добри шноли. Тоа е еден од најпопуларните трендови. Ќе го издолжат вашето лице, кое ќе треба да го истакнете со малку појака шминка.
Коњски реп
Цврсто врзан или опуштен, коњски реп е совршен избор кога сакате да го истакнете својот изглед. Врзете го со интересен стегач во боја.
Пунџа балерина
Пунџа каква што носат балерините е многу популарна. Деликатна и елегантна, пред се многу практична кога ќе почнеме да ги носиме капите.
На страна
Косата која ја ставате на страна е многу елегантна, без разлика дали е во прашање свежа или пуштена долга коса.
Поврзани статии:
5 фризури кои секогаш ќе бидат во тренд
Фризури на стариот Холивуд
Грешки што ги правиме при исправување на косата
Пронајдете не на следниве мрежи: