Д’Антони нов тренер на ЛА Лејкерс

Шеесет иедногодишниот тренер кариерата ја започнал во Милано, бил тренер и на Бенетон, а во НБА лигата работел во Денвер, Портланд, Феникс и Њујорк.

Како што наведува весникот LA Times, Д’Антони нема веднаш да започне со работа, тоа ќе го стори во декември, бидејќи закрепнува д операцијата на коленото.
Искусниот стратег на клупата ќе го наследи Мајк Браун кој во четвртокот доби отказ поради серијата на лоши резултати. По отказот на Браун екипата ја предводеше Берни Бикерстав кој на две средби забележа две победи (Голден Стејт и Сакраменто).
Инаку, прв пик на Лејкерси за нов тренер беше легендарниот Фил Џексон, најтрофејниот тренер во НБА лигата, но поради неговите барања договорот не бил постигнат.
Имено, Џексон барал посебен третман за патувањата, бидејќи е со нарушено здравје, а исто така барал да има целосна контрола над тимот, односно неговиот збор да биде последен во кошаркарскиот сектор.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Џексон и Д’Ентони во прв план за клупата на Лејкерси

Двејн Вејд за Лејкерс : Тие мора да проработат како тим

Нова победа на ЛА Лејкерс, пораз на Мајами

Пронајдете не на следниве мрежи: