Оташевиќ пред потпис на договор со МЗТ

Loading...

Бекот на Слобода од Ужице, Никола Оташевиќ се наоѓа пред потпис на договорот со кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, пишува српскиот портал „MVP.rs“.

Триесетгодишниот плејмејкер сезоната ја започна во Слобода но со ‘отворен’ договор, кој му овозможува, без обештетување, да го напушти клубот доколу добие поволна понуда од странство.

Оташевиќ има искуство во АБА лигата, во минатото тој бил играч на Будуќност од Подгорица и Хемофарм од Вршац. Покрај овие екипи тој има играно и за Здравље од Лесковац, ОКК Београд и полскиот Анвил.
Оташевиќ доаѓа на барање на новиот тренер на МЗТ, Алеш Пипан, кој веднаш по преземањето на функцијата побара од раководството нов играч на плејмејкерската позиција.
Словенечкиот стратег не дава одговор на прашењето на чие место ќе игра Оташевиќ, односно кој ќе го напушти клубот, Игор Мијајловиќ или Борис Бакиќ.
Пипан по победата на МЗТ над Цедевита, што беше четврта за клубот во АБА лигата, потврди дека дел од екипата повеќе не е Американецот Ноа Далман, кој се постигнал согласност за раскин на договорот.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

АБА лига, МЗТ гостува во Сплит

МЗТ во сабота ќе дебитира во АБА лигата

МЗТ го освои турнирот „Мирза Делибашиќ“

loading...
Loading...