Книгата за обидот на истражувачот Џорџ Мелори да го освои највисокиот врв на планетата Монт Еверест на канадскиот антрополог Вејд Дејвис е прогласена за добитник на годинешнава награда Самјиел Џонсон за публицистика.
Книгата на Вејд Дејвис „Into the Silence: The Great War, Mallory and the Conquest of Everest“ (Во тишината: Големата војна, Мелори и освојувањето на Еверест) е оценета како „извонредно важна книга“, резултат на десетгодишни истражувања и пишување, која „фрла нова светлина на настаните и приказните за коишто мислевме дека веќе ги познаваме“.
Во книгата Дејвис дава детален увид во светот на истражувачите, фокусирајќи се на експедициите на Џорџ Мелори и влијанието на Првата светска војна, пишува BBC чијшто канал BBC Four е спонзор на наградата којашто на авторот му носи 20 илјади фунти.
Претседателот на жирото за доделување на наградата, Дејвид Вилетс, рече дека книгата претставува „фасцинантен историски приказ на една голема авантура“.
Вејд Дејвис досега има напишано 15 книги и е продуцент на документарниот серијал „Light at the Edge of the World“ за каналот National Geographic.
Наградата што го носи името на Семјуел Џонсон, знаменит англиски критичар, лексикограф и поет од втората половина на XVIII, се доделува на дела од публицистиката коишто се објавуваат на англиски јазик, а отворена е и за автори од сите националности во сферите на внатрешната и надворешната политика, историјата, науката, спортот, патеписите, биографиите, автобиографиите и уметноста.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Веле Смилевски добитник на наградата „Григор Прличев“
Денеска ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“
Врачена државната награда „23 Октомври“
Пронајдете не на следниве мрежи: