Кожув гостува кај Рилски Спортист

Екипата на Кожув, во вторник, ќе го одигра петтиот натпревар во балканската конкуренција – БИБЛ лига.

Кожув, како гостин, за противник ќе го има бугарскиот тим Рилски Спортист. Македонскиот тим во БИБЛ лигата, во Б групата се наоѓа на лидерската позиција, по четири одиграни натпревари Кожув има две победи (ОКК Београд и Кавала) и два порази (Теодо и Рилски Спортист).
Првиот натпревар на овие два тима кој се одигра пред еден месец во Гевгелија заврши со убедлива победа на бугарскиот тим од 99:76.
Вториот македонски преставник во Балканската лига, Куманово, во среда, ќе го пречека Левски.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: