Ватиканските музеи се претставуваат во Сеул

Музејскиот комплекс Ватикански музеи, во кој се чуваат најголемите колекции од непроценливи антиквитети и уметнички дела на светот, во декември ќе гостува во јужнокорејскиот главен град Сеул.

Во Јужна Кореја поставката на Ватикански музеи ќе биде фокусирана на периодот на ренесансата која се смета за врвот на западната уметност, се наведува во информацијата на јужнокорејската новинска агенција Yonhap.
Иако ќе опфати само дел од огромната збирка ремекдела коишто се чуваат во зградата на Ватиканскиот дворец во центарот на Ватикан, изложбата во Сеул со наслов „Musei Vaticani“ којашто ќе биде отворена на 8-ми декември а ќе трае до 31-ви март следната година, во сеулскиот музеј Хангарам, претставува првото гостување на Ватикански музеи во Јужна Кореја. Во рамките на големата изложба посветена на ренесансата во уметноста.
На изложбата ќе бидат претставени вкупно 73 дела, меѓу кои декоративни уметнички дела, слики и скулптури, меѓу кои ремекделата на ренесансните мајстори Леонардо Давични, Микеланџело Буанароти и Рафаело.
Недовршената слика на Давични од околу 1480 година „Свети Јероним“, Рафаелото ремек дело „Милосрдие“ настанато околу 1507 година, претставата на најважните човечки доблести на дрвен панел, како „Ангел кој свири на виолина“ на славниот италијански сликар од XV век, Мелоци Дафорли, се само некои од делата коишто ќе бидат изложени во Сеул, на коишто ќе се надоврзат осум скулптури меѓу кои и ремекделото на ренесансната скулптура „Пиета“ на Микеланџело Буанароти.
„Кога Уметничкиот центар во Сеул се обрати на Ватикански музеи со идејата за организација за голема изложба во Сеул, властите на Ватикан реагираа со одушевување, имајќи предвид дека тоа ќе биде првпат во историјата италијанската ренесансната уметност да патува толку длабоко во Азија“, изјави во кустосот на Ватикански музеи, Гвидо Корнини.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Ватикан со изложба на Венецијанско биенале 2013

Во Лувр отворен нов оддел за исламската уметност

Креативноста и уметноста-најинтересните градби во светот

 

Пронајдете не на следниве мрежи: