Facebook тестира звук за нотификации!

Loading...

Слушајте добро! Facebook прави експерименти за новата содржина на сајтот, а се чини дека веќе почнува да нервира некои од корисниците на чии профили ова се тестира. 

Социјалната мрежа тестира механизам за звучно известување кога на вашиот профил ќе се појави нова нотификација, порака, или покана за пријателство/врска. 

“Во моментов тестираме звук за нотификациите” – изјави официјално лице од сајтот за Mashable. “Се тестира на многу мал број на луѓе, а се активира во Account Settings секторот.”

Тестот прв го забележа репортер од VentureBeat, чиј профил бил случајно одбран за тестирање. Репортерот објави видео, а неговата забелешка е дека веќе ја мрази оваа содржина. Можеме да претпоставиме дека на многумина нема да им биде мило постојано да го слушаат истиот звук. 

Ова не е прв пат Facebook да пробува нови содржини на експериментални групи пред да ги објави, но неизвесно е дали конкретно оваа содржина ќе се најде во редовните опции на најпопуларната социјална мрежа. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Facebook постигна бројка од 1 000 000 000 корисници!!! Zuckerberg: Ова е неверојатно!

Промени на Facebook – вака ќе изгледаат “вашите пријателства”

Најголемата социјална мрежа на светот, Facebook, има многу помалку корисници од фактичките бројки

loading...
Loading...