Во Франција ќе се плаќа данок за конзумирање на Nutella

Овие денови Францускиот сенат го изгласа таканаречениот 'Nutella' данок.

Всушност данокот се однесува на палминото масло кое е клучна состојка во овој чоколаден намаз. 

 

Токму затоа е донесена оваа одлука. Французите сакаат да го намалат количеството на конзумација на ова масло. Амандманот со кој се променува оваа одредба од законот изнесува зголемување од 100 на 400 евра. 

 

Малезија веќе се пожали на оваа одлука од Французите, и исто така им укажа дека ако толку многу се загрижени за маснотиите тогаш треба да ја забранат и конзумацијата на месо и сирење. Произведувачот на Nutella, Ferrero веќе изјави дека нема да го менува рецептот кој вклучува палмино масло.

 

Палминото масло е клучна состојка во многу производи како што се чипсот, колачи и торти и еден од главните потикнувачи на зголемен холестерол кај луѓето. Одлуката за ваков данок треба само да биде изгласана и во Долниот дом на Парламентот во Франција и оваа одлука ќе стапи на сила.

 

Погледнете ги и следниве статии:

За сите љубители на Nutella

Таму куќите се од чоколадо; Уметник направил свет од бајките од слатки, зеленчук и сирење

Најчудните закони поврзани со секс

Пронајдете не на следниве мрежи: