Од бедник до најбогатиот човек на светот – Andrew Carnegie

Loading...

Постојат многу инспиративни и вистинити приказни за многу луѓе низ целиот свет, но она нешто што со сигурност може да го кажеме е дека една од најимпресивните приказни е таа за бедникот кој станал најбогатиот човек на светот. Бедникот, имигрантот и текстилен работник Andrew Carnegie. 
Роден е во Шкотска, на 25 Ноември во 1835 година. Со своето семејство живееле во крајна сиромаштија. Неговите родители заработувале за живот во текстилните фабрики, но како што се развивала технологијата, текстилниот бизнис брзо пропаѓал.
 
„Срцето ме болеше поради тоа што татко ми мораше да моли за работа. Навечер си легнувавме порано, пред да огладнеме за вечера. Тогаш си ветив кога ќе пораснам, тоа ќе се смени“.
На неговата 12 годишна возраст семејството се сели во Питсбург, а една година подоцна Carnegie започнува да работи кај котелот на една од текстилните фабрики. Работејќи напорно подоцна тој се вработува во канцеларијата за телеграми притоа обидувајќи се да се запознае со важните луѓе во градот, со што среќата сосема малку но полека и сигурно започнува да му се насмевнува.
Со своите 17 години тој веќе започнува да работи како асистент на богат сопственик на железничка компанија со неделна плата од 35 долари. Со текот на годините, тој станува еден од поважните службеници во компанијата.

Користејќи ја неговата мудрост, тој започнува истовремено да инвестира. Најпрво започнал со мала инвестиција од 217 долари во автомобилска компанија, која за една година му донела повратна инвестиција за 5.000 долари.
Неговите инвестиции станале толку многу профитабилни што неговата плата од 2.400 долари годишно, била всушност само 5% од целовкупните доходи.
Во 1865 година Carnegieја напушта железничката компанија, селејќи се во Њујорк. Осум години подоцна тој влегува во бизнисот со челик, притоа основајќи ја „Carnegie Steel“ која подоцна во следните децении постанува империја.
Во својата 45-годишна возраст тој ја започнува врската со 24-годишната Louise Whitfield ќерка на трговец, девојка која подоцна станува и негова законита жена.
Во 1897 година Andrew Carnegieсе враќа во својата родна земја Шкотска, притоа купувајќи го замокот „Skibo Castle“. Три години подоцна неговата компанија произведува повеќе челик од цела Велика Британија заедно.
Во 1901 година на 66 години ја донесува и својата најголема одлука, продавајќи ја својата копманија „JP Morgan“ за 480 милиони долари. Половината од оваа сума оди директно кај него. Новата компанија што подоцна се основа се нарекува „United States Steel Corporation“.
По оваа зделка и одлука тој станува најбогатиот човек во светот.
Carnegie на својата одлука додал, „Не знам дали требаше да ти побарам 100 милиони долари повеќе“, пришто веќе идниот сопственик Морган возвратил со „Ако ги побараше, тогаш и ќе ги добиеше.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Погледнете ги следниве статии
 4 луѓе кои го променија светот, а никој не слушна за нив
 
 
 
 
 
 Пеперутката и човекот – Поучна приказна
 
 
 
 
 
 Поучна приказна – Разговор со Господ
 

loading...
Loading...